ИСТАНБУЛ (АА) - ЈУНИС КАЈМАЗ -
Голем број фудбалски ѕвезди на возраст од 35 и повеќе години кои ги носат дресовите на познатите европски клубови, благодарение на перформансот што го прикажаа, даваат голем придонес за бодовното салдо на своите клубови, пишува Anadolu Agency (AA).
Клаудио Писаро, 40-годишниот перуански интернационалец кој ги брани боите на бундеслигашот Вердер Бремен, го привлече вниманието врз себе со постигнати 3 погодоци во Лигата и на двапати ги затресе противничките мрежи во Купот на Германија оваа сезона.
Писаро, кој повеќе години го носеше дресот на Маерн Минхен, и покрај неговата возраст, успеа 21 пат да го носи дресот на својот тим во Бундеслигата.
Сержо Пелисиер (39), кој веќе 18 сезони го носи дресот на Киево во италијанската Серија А, оваа сезона успеа на четирипати да постигне погодок за својата екипа.
Пелисиер сезонава на терен мина 751 минута, а благодарение на погодоците постигнати против Милан, Лацио, Интер и Фиорентина, му донесе бодови на Киево.
Ариц Адурис, 38-годишниот фудбалер на Атлетико Мадрид, оваа сезона во шпанскиот Кралски куп постигна 4 погодоци, додека во одиграните 14 натпревари од Ла лигата, на двапати ги затресе противничките мрежи.
Во редовите на Реал Бетис игра 37-годишниот Хоакин, играч од средниот ред, кој сезонава постигна 5 погодоци, и во шпанската Ла лига беше стрелецот на вториот погодок против Барселона, кој Бетис го доби со резултат 4:3.
Бруно Алвес, 37-годишниот португалски интернационалец, на 28 натпревари постигна 3 погодоци за италијанскиот клуб Парма. Хорхе Молина (36) за Гетафе постигна 12 погодоци, додека англискиот играч Џермејн Дефо (36) сезонава за шкотската екипа на Глазгов Ренџерс постигна 6 погодоци.
- Кварежма ја живее втората пролет -
Едно од двете имиња во италијанската Серија А кои се во борбата за голгетер на Првенството, во која настапува светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, е и 36-годишниот играч на Сампдорија, Фабио Кваљарела.
Кваљарела, кој во својата кариера ги бранеше и боите на Наполи и Јувентус, сезонава на 30 натпревари на кои настапи во првите 11-мина, даде 21 погодок, постигнувајќи извонреден успех.
На делбата на првото место на листата на голгетери во Серијата А, друштво на Кваљарела му прави 23-годишниот играч на Милан, Кшиштоф Пјонтек. Со 20 погодоци следува Дуван Запата, додека Кристијано Роналдо постигна 19 погодоци.
На натпреварот меѓу Италија и Лихтенштајн од квалификациите за ЕУР0 2020, кој Италија го доби со 6:0, Фабио Кваљарела постигна 2 погодоци и стана највозрасниот играч кој постигнал погодок за италијанската репрезентација.
- Во Бешикташ зборува искуството -
Оваа сезона Атиба Хатчинсон, Пепе и Рикардо Кварежма од редовите на Бешикташ, кои се на возраст над 35 години, постигнаа вкупно 11 погодоци во сите натпреварувања.
Канаѓанецот Атиба Хатчинсон (36) од редовите на Бешикташ е странски играч кој одиграл најмногу натпревари во турската Фудбалска лига. Сезонава тој настапи на 19 натпревари и постигна 3 погодоци.
Во периодот на полусезоната, од Бешикташ за Порто замина 36-годишниот Пепе, кој во турската Лига постигна 3 погодоци, во УЕФА Лига Европа - 2, а досега во португалското Првенство успеа да постигне 2 погодоци.
Една друга португалска ѕвезда од редовите на Бешикташ на возраст од 35 години е Рикардо Кварежма. Тој досега одигра 29 натпревари и успеа на трипати да ја затресе противничката мрежа.
- 35-годишниците постигнаа 17 погодоци за Башакшехир -
Во тимот на Медипол Башакшехир, кој сезонава за титулата се бори заедно со Галатасарај, тројца фудбалери на возраст од 35 години постигнаа 17 погодоци.
Робињо, кој во својата фудбалерска кариера ги носеше дресовите на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан, сезонава постигна 10 погодоци, од кои 3 против Галатасарај и Фенербахче.
Емануаел Адебајор од Того за Башакшехир постигна 4 погодоци, додека Бразилецот Марсио Мосоро постигна 3 погодоци.
Аруна Коне од Брегот на Слоновата Коска, 35-годишниот играч на Сиваспорт, во турската Лига и Купот, 10 пати ги затресе противничките мрежи.
- Ван Пирс се пронајде во Холандија -
Холанѓанецот Робин Ван Пирс (35), кој по неуспешниот обид во редовите на Фенербахче се врати во Холандија, и покрај возраста, успеа во дресот на Фејенорд да постигне 17 погодоци.
Во редовите на Ајакс, кој сезонава од Лигата на шампиони го исфрли Реал Мадрид, игра 35-годишниот Клас-Јан Хунтелар. Хунтелар во Лига-натпреварите и во Купот постигна вкупно 16 погодоци за Ајакс.
Френк Рибери (36) за Баерн Минхен сезонава постигна 5 погодоци. Во англиската Премиер лига 35-годишниот Глен Мареј постигна 13 погодоци, додека во редовите на португалската екипа Бенфика, 35-годишниот Бразилец Жонас за својот тим постигна 13 погодоци.