Bedrudin Brlyavac
03 Август 2019•Ажурирај: 05 Август 2019
ЛОНДОН
Најскапиот играч во историјата на Арсенал, Николас Пепе, изјави дека е пресреќен што пристигнал во лондонскиот клуб, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Да се биде тука е навистина возбудливо, бидејќи не беше лесно. Поминав долг и тежок пат, долго се борев и потпишувањето за вака голем клуб е голема награда за сето тоа“, изјави Пепе за официјалниот портал на Арсенал.
Тој додаде дека одлучил да дојде во Арсенал по разговор со семејството.
„Го избрав Арсенал по долгите разговори кои ги водев со моето семејство и агентите. Беше важно да се направи вистински избор и по сѐ сум убеден дека тоа е Арсенал“, изјави Пепе.
Арсенал 24-годишниот Пепе восвоите редови го доведе од францускиот клуб Лил, а за неговиот трансфер плати 80 милиони евра, со што го собори рекордот на клубот.
Пепе го собори рекордот на Пјер-Емерик Обамејанг, кој претходното лето дојде во Арсенал за 64 милиони евра.
Кариерата ја започнал во Појтерс, а потоа играл во Ангрес и Орлеанс до доаѓањето во Лил во 2017 година. За репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска има 15 настапи и 4 гола.