Satuk Buğra Kutlugün
05 Јули 2017•Ажурирај: 06 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Репрезентативецот на Португалија, Пепе, е новото зајакнување на Фудбалскиот клуб Бешикташ, потврди клубот од Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Некогашниот дефанзивец на Реал Мадрид, вчера ги заврши сите детали и потпиша договор со шампионот на Турција.
Португалскиот фудбалер по слетувањето на аеродромот „Ататурк“ го пречекаа стотина навивачи на Бешикташ, кои го прославуваа неговиот трансфер.
Пепе за Реал Мадрид одигра десет сезони, а со „Кралскиот клуб“ нанижа бројни успеси како што е трикратното освојување на Лигата на шампиони и на шпанското првенство.
Во дресот на репрезентацијата го освои Европското првенство 2016. во Франција.
Бешикташ го донесе Пепе како бесплатен фудбалер бидејќи на Португалецот на крајот од минатата сезона му истече договорот со Реал.
Наводно, Пепе потпишал двегодишен договор со Бешикташ и годишно ќе заработува 3,35 милиони евра.