Dejan Maksimoviç
29 Јули 2016•Ажурирај: 30 Јули 2016
БАРСЕЛОНА (АА) - Фудбалскиот клуб Барселона соопшти дека е постигнат договор со турскиот шампион Бешикташ за трансфер на нивниот лев бек Адријано, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Барселона изјавија дека договорот е во вредност од 600.000 евра кој вклучува клаузула со која Бешикташ, доколку Адријано им помогне да се квалификуваат за Лигата на шампионите, ќе му упплати уште 1,7 милиони евра.
Бразилецот со Барселона освои дури 16 трофеи, а во каталонскиот клуб дојде во 2010 година од Севиља. Од тогаш тој има одиграно 190 натпревари за Барселона во сите натпреварувања и постигна 17 гола.
Освен во спомнатите два шпански клуба, Адријано играше за бразилскиот Коритиба каде што ја започна својата кариера.
За репрезентацијата на Бразил одигра 17 настапи.