Dejan Maksimoviç
29 Јули 2016•Ажурирај: 31 Јули 2016
МАНЧЕСТЕР (АА) - Бастијан Швајнштајгер, фудбалер на Манчестер Јунајтед одлучи да каже збогум на националниот тим на Германија, јавува Anadolu Agency (AA).
Швајнштајгер, на возраст од 31 година одлучи да стави крај на репрезентативната кариера, која ја заврши како капитен на репрезентацијата на ЕУРО 2016 во Франција.
Во омилениот дрес одигра 120 натпревари и постигна 24 гола. Најголемиот успех со репрезентацијата постигна во 2014 година кога Бразил стана светски шампион.
Во текот на клубската кариера Швајнштајгер има играно само за два клуба. Дресот на Баерн Минхен го носеше од 2002 до 2015, кога одлучи да премине во редовите на уште еден европски гигант, Манчестер Јунајтед.