Şenhan Bolelli
18 Октомври 2016•Ажурирај: 19 Октомври 2016
МАДРИД (АА) - Фудбалски клуб Реал Мадрид, член на шпанската Прва лига (La Liga) го продолжи договорот со хрватскиот фудбалер Лука Модриќ до крајот на сезоната 2019-2020, јавува Anadolu Agency (AA).
Клубот информираше дека 31-годишниот Модриќ, чиј договор завршува на крајот од сезоната, го продолжил својот договор до јуни 2020 година. Од клубот информираат дека хрватскиот играч утре ќе одржи прес-конференција на стадионот „Сантјаго Бернабеу“.
Лука Модриќ во редовите на Реал Мадрид дојде од англискиот премиерлигаш Тотенхем, во летото 2012 година. Досега за тимот на Реал Мадрид одигра 175 натпревари, постигна 10 гола и имаше 27 асистенции.
Модриќ, кој е и хрватски репрезентативец, во дресот на Реал Мадрид досега има освоено две титули во Лигата на шампиони на УЕФА, две титули Супер куп на УЕФА, и по една титула на шпанскиот Супер куп, шпанскиот Кралски куп и титула на Светското клупско првенство на ФИФА.