Mustafa Keleş
17 Јануари 2016•Ажурирај: 18 Јануари 2016
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун изрази задоволство од извештајот кој потврди дека Иран го испочитувал договорот за нуклеарното прашање, и порача дека таквата практика мора да продолжи и во наредните месеци и години со цел договорот во потполност да се имплементира, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од ОН се наведува дека генералниот секретар Бан Ки-мун со задоволство го примил извештајот на Меѓународната заедница за нуклеарна енергија (IAEA) во кој се наведува дека иранската страна ги испочитувала дадените ветувања за решавање на нуклеарното прашање.
Истакнувајќи дека тоа е голем исчекор во решавањето на големиот проблем, Бан ги пофали сите страни во договорот и ги повика и понатаму да работат во согласност со преземените обврски од договорот.
"Договорот помеѓу Иран и другите држави е показател дека дипломатијата и дијалогот се најефикасните методи за решавање на проблемите. Се надеваме дека овој пример ќе биде од корист за решавање на други проблеми во регионот", се вели во соопштението.
IAEA вчера потврди дека Иран ги презел потребните мерки во согласност со договорот за нуклеарното прашање кој е постигнат на 14-ти јули минатата година.