свет

Иран ги негира наводите дека со камиони превезувал оружје во Ерменија

„Иран внимателно ги проверува производите што минуваат низ неговите граници и ги спроведува потребните инспекции. Иран нема да дозволи неговите граници да се користат за пренесување оружје и муниција.“

Muhammet Kurşun  | 29.09.2020 - Обновена : 30.09.2020
Иран ги негира наводите дека со камиони превезувал оружје во Ерменија

ТЕХЕРАН (АА) - Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Хатибзаде, ги негираше наводите дека се превезувало оружје и воена опрема од Иран во Ерменија, пренесува Агенција Анадолија (AA).

„Иран внимателно ги проверува производите што минуваат низ неговите граници и ги спроведува потребните инспекции. Иран нема да дозволи неговите граници да се користат за пренесување оружје и муниција“, рече Хатибзаде на новинарско прашање во врска со наводите дека од иранската граница се превезувало оружје и воена опрема во Ерменија.

Како што рече, меѓу Иран и соседните земји продолжува транспортот на производи кои не се од воена природа, како и досега.

Хатибзаде додаде дека во камионите, кои наводно превезувале оружје, наоѓале трговски производи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın