AA
17 Јануари 2016•Ажурирај: 18 Јануари 2016
ДАМАСК (АА) - Членовите на терористичката организација ДАЕШ извршиле ужасно злосторство во источната провинција Деир ал-Зур при што загинаа 280 луѓе, главно жени и деца, јавува Anadolu Agency (АА).
Повикувајќи се на локални извори, телевизијата "Mayadeen" пренесува дека терористите од ДАЕШ вчера влегле во областа во Деир ал-Зур и извршиле ужасен масакр врз локалните цивили. Истиот извор тврди дека се убиени најмалку 280 лица, вклучувајќи голем бројот на жени, деца и постари лица.
Паралелно со ова, сириската новинска агенција САНА објави и дека терористите на ДАЕШ извршиле серија самоубиствени бомбашки напади и масовен масакар во истиот регион.
Набљудувачите на човековите права во Сирија објавија дека терористите упаднале и во населбата Ал-Бугаилије, убивајќи десетици цивили и најмалку 75 сириски војници.