Halit Süleyman
02 Мај 2016•Ажурирај: 03 Мај 2016
АЗЕЗ (AA) - Сириските опозициски сили во околината на селото Јени Јабан, во областа Азез, на исток од Алепо, убија 16 припадници на терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Од локални извори се дознава дека имало големи судири меѓу опозициските сили и припадниците на ДАЕШ во околината на селото Јени Јабан. Единиците на опозицијата убиле 16 припадници на ДАЕШ кои се обиделе да навлезат во селото. Опозицијата ги ослободила селата Сандра и Шабаније, кои се наоѓаат на исток од Азез.
Локални извори наведуваат дека ДАЕШ го зазел селото Дудјан. Во истовреме авионите на коалицијата, предводени од САД ги бомбардирале центрите на ДАЕШ, во околината на Кафр Кан.
Минатиот месец во напади на терористичката организација ДАЕШ врз селата на исток од Азез и бегалските кампови во Игде и Харамејн, почина една жена и едно дете, додека во бегалскиот камп во Игде беа запалени 25 шатори. Досега околу 30.000 лица се раселија како последица на нападите на ДАЕШ врз селата и бегалските кампови на истокот од Азез.