Abdulselam Durdak
02 Мај 2016•Ажурирај: 03 Мај 2016
ФРАНКФУРТ (АА) - Со динамичната економија и позитивното салдо на надворешно-трговската размена Германија е локомотива на европската економија. Таа е лидер меѓу земјите од Европската Унија, со најниска стапка на невработеност на младите, јавува Anadolu Agency (AA).
Невработеноста на младата популација на возраст до 25 години, осум години по глобалната економска криза предизвикана од банкротот на американската инвестициска банка "Lehman Brothers", претставува голем проблем во многу европски земји.
Според податоците на Европскиот завод за статистика (Еуростат) до кои дојде дописникот на Anadolu Agency, невработеноста на младите пред рецесијата во 2008 година во Англија изнесувала 15,9 отсто, додека во март оваа година таа стапка изнесува 19,1 отсто.
Германија која е локомотива на европската економија, со високите рамки во надворешно-трговската размена и развиената технологија, е лидер меѓу земјите од Европската Унија, со најниска стапка на невработеност на младите.
Германија која во 2008 година имаше стапка на невработеност на младите од 10,4, која во 2009 година порасна, во наредните години имаше континуиран пад на невработеност на младите. Невработеноста на младите во Германија во март месец оваа година падна на стапка од 6,9 отсто. На второ место по стапката на невработеност на младите се Холандија и Малта, каде што 9,8 отсто од младите се без работа.
Меѓу државите во Европа со водечки економии, во Франција невработеноста на младите во 2008 година изнесуваше 19 отсто, додека во март оваа година таа стапка порасна на 24 отсто. Истиот период, невработеноста на младите во Италија порасна од 21,2 отсто на 36,7 отсто, додека во Шпанија од 24,5 на 45,5 отсто.
Највисока стапка на невработеност на младите во Европската унија (податоци од јануари 2015) е забележана во Грција, 51,9 отсто, Шпанија со 45,5 отсто, Хрватска со 39 и Италија со 36,7 отсто.
- Турција покажа подобра ефикасност од повеќето членки на ЕУ -
Неврботеноста на младите во 2008 година во Турција изнесуваше 18,5 отсто, а според последните добиени податоци од Еуростат, Турција во јануари 2016 година имаше невработеност од 17,8 отсто.
Ова покажува дека Турција, по прашањето на еден од најголемите проблеми во ЕУ - невработеноста на младите, процентуално покажа подобра ефикасност од повеќето земји членки на ЕУ, меѓу кои се Франција, Италија и Шпанија.