Murat Ünlü
10 Декември 2016•Ажурирај: 11 Декември 2016
ПАРИЗ (АА) - Кога на средбата на министри на земјите истомисленици за Сирија станало збор и за тоа како режимот на Асад и неговите поддржувачи ќе гледаат на донесените барањата, министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу рекол: „Со оваа логика, нема биде постигнато никакво решение на состанокт на земјите истомисленички”, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Чавушоглу кој учестува на состанокот на министрите на земјите истомисленички за Сирија, за дописниците на АА иТРТ изјави дека уште еднаш нашле можност за оценка на ситуцијата во Алепо и Сирија.
Минитерот Чавушоглу истакна дека ситуацијата во Алепо станува се полоша и додаде: „Режимот и неговите поддржувачи постојано вршат бомбардирања, цивили и умираат, а испораката на хуманитарна помош е невозможна. Овој проблем и всушност постоеше и претходно.”
Министерот Чавушоглу рече дека земјите истомисленички за Сирија на секој состанок разговараат за различни работи. На последната средба стано збор за прекинот на огнот во Алепо и одвојувањето на Ел Нусра од силите на умерената опозиција оддалечување на Ел Нусра од Алепо.
„Сега ‘можно ли е сета опозиција да го напушти Алепо или не?’. Средбата започна на оваа тема. Всушност состанокот започна со она што го бара режимот и нејзините поддржувачи. Што ќе биде потоа? Ќе има ли прекин на огнот? Да кажеме дека силите на умерената опозиција го напуштија градот, потоа што ќе се случи? Нема ли да ги убиваат на местата на кои ќе заминат? Зарем не продолжуваат бомбардирањата во Идлиб, Хомс и останатите места? Наместо еден прекин на огнот, потребен е целосен прекин на огнот, испорака на хуманитарна помош и изнаоѓање на политичко решение. Секогаш велиме ‘политичкото решение е најдобро решение’. Затоа, наместо да се фокусираме тие прашања, ние, земјите истомисленички за Сирија состаноците ги започнваме со барањата на режимот и неговите поддржувачи. Со тагов формат на состаноци, со ваков вид средби, не е возможно изнаоѓање едно решение”, рече министерот Чавушоглу.
Тој истакна дека и денешната средба се одвивала во тие рамки.
„Им предложивме, ‘штом ние како земји истомисленички зборуваме за нивните барања, тогаш на следната средба повикајте ги претставниците на режимот и нејзините поддржувачи, бидејќи и онака на средбите зборуваме за нивните барања. Како можеме да ги спроведеме нивните барања?’. Со оваа логика од состаноците на земјите исомисленички за Сирија нема да биде постигнат никаков резултат”, рече министерот Чавушоглу.
- „Некои пред да си заминат сакаат да си ги измијат рацете”
Турскиот министер Чавушоглу ова отворено го истакна: „Тука го ислушавме и Ријад Хиџаб. Кај оние земји кои велат дека не може без Ријад Хиџаб, може да се забележи многу голема разлика во изјавите пред и по нивните средби и консултации на бојното поле со силите на Ријад Хиџаб.
Министерот Чавушоглу ја истакна загриженоста која постоела и пред вклучувањето на Ријад Хиџаб, координатор на Високиот совет за преговорите на сириската опозиција на средбата, и продолжи:
„Што ќе се случи кога ќе си замине?Има ли пекин на огнот? Има ли испорака на хуманитарна помош? Што ќе се случи со цивилите? Што ќе се случи со децата? Каде ќе заминат толку многу луѓе? Дали им е загарантиран животот на бегалците во местата во кои заминуваат? За жал никој нема конкретен предлог за овие прашања. Како изминува времето, целиот свет започна да го губи тлото под своите нозе пред режимот на Асад. Тоа можеше да се забележи денеска на состанокот на земјите истомисленички за Сирија. Дури имаше и такви кои сакаа пред да си заминат, да си ги измијат рацете. Тие не размислуваат ‘што ќе се случи со животите на луѓето во Сирија’. ‘Пред да си заминам, барем да направам нешто, неависно во чија корист ќе биде тоа’. Всушност досегашниот неуспех во Сирија, досегашните драми кои се преживуваат во Сирија, неуспехот против ДЕАШ, се последица на соработката со терористички организации. Денеска уште еднаш го ислушавме Ријад Хиџаб. Ние ги кажавме нашите мислења. За жал, на ваквите состаноци не се постигнува никаков резултат, во тоа се уверивме и самите”.