Vakkas Doğantekin
17 Март 2019•Ажурирај: 18 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по повод 31. годишнина од масакрот во ирачкиот град Халабџа, им оддаде почит на илјадниците убиени и повредени Курди, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во објава на Твитер Ердоган напиша дека хемискиот напад врз ирачкиот град Халабџа, населен со Курди, сé уште претставува свежа рана.
„Раната отворена во совеста на човештвото, кога илјадници цивили беа убиени од хемиски напад во Халабџа пред 31 година, е свежа и денес.“
„Посакувам Божја милост за нашите браќа Курди кои ги загубија своите животи во масакрот во Халабџа, кој во историјата е впишан како црн белег“, рече Ердоган.
На 16 март 1988 година, 5.000 - 7.000 Курди беа убиени за време на Иранско-ирачката војна, кога силите лојални на тогашниот ирачки претседател Садам Хусеин изведоа напади со токсичните гасови ипирит и сарин во ирачкиот град Халабџа.
Илјадници лица починаа од компликации, болести и малформации при раѓањето во наредните години. Голем број жители на Халабџа сé уште страдаат од физичките ефекти од нападите.