Турција

Велосипедската група што тргна од Скопје пристигна во Чанаккале

- Групата од седум велосипедисти со знамиња на Турција, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија, кои со придружба тргнаа од Скопје, пристигнаа во Чанаккале

Sergen Sezgin  | 17.03.2019 - Обновена : 19.03.2019
Велосипедската група што тргна од Скопје пристигна во Чанаккале

ЧАНАККАЛЕ

Седдумтемина пријатели од различни балкански земји кои со велосипеди трнаа од Скопје, изминувајќи 800 километри, пристигнаа во Чанаккале за да учествуваат на церемонијата по повод 104. годишнина од 18 март - Денот на победата на поморската битка кај Чанаккале, јавува Anadolu Agency (AA).

На иницијатива на скопското Планинарско-еколошко здружение, на едно место се собраа седум пријатели од Северна Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и од подрачјето Санџак во Србија, во кое главно живее бошњачко население.

Оваа група, со велосипеди, украсени со знамињата на Турција, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија, со придружба трнаа од Скопје кон Чанаккале. По изминат пат од 800 километри, овие седум пријатели со своите велосипеди, пристигнаа до Споменикот на жртвите на Чанаккале, каде што им се придружија деветмина велосипедисти од истанбулскиот велосипедски клуб „Орка“.

По молитвата за загинатите и заедничката фотографија, велосипедистите се оддалечија од местото.

Скопјанецот Сами Емин, за АА изјави дека зад себе оставиле едно напорно патување.

„Со велосипед дојдовме од Скопје за да се помолиме за душите на нашите предци. Тоа беше многу спокојно патување. Се надевам дека ова патување ќе биде причина за добри нешта и дека ќе биде порака за нашите млади поколенија да не го заборават Чанаккале. Верувам дека духот на Чанаккале ќе живее вечно“, изјави Емин.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın