Mehmet Bayer
21 Декември 2015•Ажурирај: 25 Декември 2015
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Танкер со должина од 180 метри со италијанско знаме кој пловел од Малта кон Русија, по откажување на моторот, останал закотвен во теснецот Дарданели, недалеку од градот Чанаккале во северозападна Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Џиновскиот брод "Fresia"со вкупна тежина од над 25 илјади тони остана закотвен во теснецот Дарданели чија максимална ширина не е поголема од шест километри.
Како што соопшти турската крајбрежна стража, танкерот го обезбедуваат четири затегнувачи.
Патот низ Дарданелите, премин со должина од 61 километар кој ги поврзува Егејското и Мраморното Море, танкерот ќе може да го продолжи по санација на дефектот на моторот.