Hanife Erdinç
13 Август 2016•Ажурирај: 14 Август 2016
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во Ајваџик, северозападна Турција, фатени се 19 мигранти кои на илегален начин се обидоа да заминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Тим од турската крајбрежна стража ја забележал групата мигранти, која тргнала со намера да стигне до територијата на Грција.
Мигрантите, меѓу кои се наоѓаат голем број деца и жени, по потекло се од Сирија, Пакистан, Авганистан, Мјанмар и Иран.
Тие се донесени на копно, а потоа префрлени во Центарот за странци во Ајваџик.