Canakkale
18 Март 2016•Ажурирај: 19 Март 2016
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес изјави дека и покрај оние коишто сакаат да му нанесат зло на турскиот народ, Турција би можела да испише уште еден историски „еп за Чанаккале” против своите непријатели, јавува Anadolu Agency (АА).
Ердоган присуствуваше на церемонијата на одбележувањето на Денот на победата на Чанаккале, 101-годишнината од поморската битка кај Чанаккале, град во северозападниот дел на Турција. Битката кај Чанаккале, во Европа позната како Битката на Галиполе, е една од најкрвавите и најжестоки битки во Првата светска војна, но, по многу показатели, и во историјата воопшто.
Поморската битка која се случи во периодот меѓу 3-ти ноември 1914 година и 18-ти март 1915 година, водена кај Галиполе, како и копнената битка која се одвивала на Галиполе од 25-ти април 1915 година до 9-ти јануари 1916 година, се битки кој заземаат најзначајно место во турската, па и историјата на сите муслимански народи во овој дел на светот.
„Ние како народ не се плашиме и не се срамиме од никој, без оглед кој е и колку е моќен, ако храбро ни се спротивстави. Но злото со име тероризам, кое ни се спротивставува со најподоли, најнеморалени и најнехумани методи, навистина ни ја отежнува работата. Никој не може да не спречи од пишување на нов еп сè додека ја штитиме својата солидарност и братство”, порача Ердоган, реферирајќи на неодамнешните терористички напади во главниот град на Турција, Анкара.
Ердоган присутните ги потсети дека Турција се соочува со сериозни терористички закани.
„Сите терористички организации се обединети против нас. Нападот во Анкара, во неделата, е последен доказ за тоа”, рече Ердоган.
Во терористичкиот напад во Анкара во неделата загинаа 35 цивили, додека над стотина беа повредени.