Од Селин Чалик Мухасиловиќ
ИСТАНБУЛ (АА) - Балканот, кој е осакатен со многу хронични проблеми како што се малцинствата, продлабочувањето на верските и етничките поделби и Дејтонскиот договор, кој донесе крај на крвавите војни што избувнаа по распадот на Југославија, сè уште затворен во "политички ќор-сокак ", е на работ на нов процес што може да води или до "постојана и институционализирана стабилност ", или до нов бран на насилства.
Интервенцијата на глобалните актери за "стабилноста" на балканските земји, во крајна инстанца, се одвива за поддршка на стратешките цели како што се оските на Алијансата и пронаоѓањето на енергетски рути. Турција, која има длабоко втемелени историски и културни врски со Балканот, го идентификуваше регионот како еден од клучните елементи на нејзината надворешна политика и продолжува со своите активности во регионот со перспектива на прифаќање која се гледа и во зборовите на премиерот, Ахмет Давутоглу, "не е кризно ориентирана туку кон визија фокусирана".
Овие дејности се вршат на начин кој ги надминува сите актуелни конфликтни области и покрај "нескладните гласови" кои дојдоа како резултат на неодамнешните политички поларизации и скриени агенди.
- Три главни основи на политиката на Турција кон Балканот
Политиката која Турција сака да ја спроведе во регионот, се базира врз мултилатералниот пристап и учеството во меѓународни мировни иницијативи. Според стратегијата на турското Министерство за надворешни работи во 2013 година, политиката на Балканот е обликувана врз основа на три главни оски: "политичкиот дијалог на високо ниво", "безбедност за сите и максимална економска интеграција" и "зачувување на мултиетничката, мултикултурната, мулти-религиската социјална структура во регионот".
Со овој пристап, Турција е сконцентрирана на социјалните и културните димензии паралелно со економските активности. Фокусот на Турција на овие „благи“ инструменти на моќта, се смета, од страна на луѓето во регионот, како добронамерен чекор кон зголемување на довербата и стабилноста.
Сепак, критиките и обвинувањата без објективна реалност на одредени инстанци кон Турција, во врска со зголемената закана од страна на ДАЕШ на Балканот, може да се објасни со тоа дека Балканот е во фокусот на „покриеното“ стратешко војување за алтернативни енергетски рути а, од друга страна пак, како натпревар или конкурентност на големите сили во економијата, политиката и културата.
Сепак, експертите сметаат дека овој вид на пристап носи опасност да биде претворен во црна пропаганда и подлабоки поделби во кревката мултиетничка и религиозна структура на Балканот.
- Активностите на ТИКА на Балканот
Турција, исто како и САД, Германија и Ватикан, ги пружа своите услуги од образованието, здравството, хуманитарната помош, реставрацијата и обезбедувањето работа на Балканот, преку различни институции.
Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), една од институциите чие присуство на Балканот најмногу се чувствува, има широко поле на активност во регионот.
Според објавениот извештај, распределувањето на проекти и активности кои се спроведуваат од страна на ТИКА по сектори се: 45,5 проценти во здравството, 20,49 проценти во административното и граѓанското општество, 15.81 отсто отпаѓа на образованието, 14,78 отсто на културната соработка и реставрацијата, 3,45 проценти на проекти поврзани со водата и хигиената.
- Реставрација на цркви и манастири
Фактот дека ТИКА изведува активности поврзани со јавноста и реставраторски проекти за христијанските верски места во земјите во кои христијаните се малцинство, е уште еден знак за спроведување на своите активности во регионот на Балканот со инклузивен пристап без никаква дискриминација. Во тие рамки, компанијата за реставрација овластена од страна на ТИКА, на барање на Националниот конзерваторски центар на Република Македонија, ги изведуваше геодетските испитувања и теренските работи за црквата Свети Ѓорѓи во близина на македонскиот град Куманово.
ТИКА исто така, постави алармен, надзорен систем и систем против пожари во Фрањевачкиот манастир во Фојница, Босна и Херцеговина, а го изработи и планирањето на животната средина за македонската православна црква, Успение на Пресвета Богородица, која изведува служба за православната христијанска заедница за Божиќ и Велигден.
- Огромна финансиска поддршка за 5-процентно малцинство
Значајно е тоа што другите актери кои активно работат во регионот обично ги спроведувааат своите напори кон целта која дава приоритет на благосостојбата и интересите на одредена група. На пример, христијаните во Косово сочинуваат пет отсто од косовската заедница а Светата Столица ѝ дава поддршка на владата за отворање голем број места за богослужба, со цел христијанското малцинство правилно да може да ги извршува своите верски обреди.
Соодветно на тоа, во 2010 година беше изградена катедрала во чест на Мајка Тереза - клучна историска личност за христијаните во регионот. Згора на тоа, Католичката невладина организација "Каритас" продолжи со напорите со обезбедување на проекти за социјална помош на косовските христијани, во образованието, здравството како и вработување со својата организација базирана во Урошевац, која се состои од 153 вработени лица и 400 волонтери.
- Американски залагања на Балканот
Најголем дел од проектите на САД, како една од највлијателните земји на Балканот, се реализираат преку Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и се фокусирани на здравјето, образованието и вработувањето.
УСАИД спроведува инвестиции за поддршка во Србија, Македонија и Црна Гора, преку својот Фонд за поддршка на микро претприемачи SEAF (South Balkan Fund) што започна со функционирање во 2005 година во земјите на Балканот. Синџирот супермаркети GOMEX со седиште во Србија, е еден од клучните инвестиции кои УСАИД ги направи преку SEAF во областа на вработувањето. УСАИД, исто така, делува во соработка со други невладини организации од регионот. Таа обезбедува финансиска поддршка за невладината организација "Балкански Сончогледи", која има културни и образовни активности, заедно со Фондот за образование нa Ромите, основан заеднички од страна на Светската банка и унгарскиот бизнисмен Џорџ Сорос.
- Обновување џамии е четвртиот приоритет
Долго време се користи како изговор за критиките против Турција поради поголемото влијание и активности на Балканот, а активностите за обнова на џамии е четвртиот приоритет за ТИКА - која Дејвид Филипс, американски академик и поранешен советник во Стејт Департментот, од "Huffington Post", ги спомена во една од своите последни статии.
Во написот, Филипс ги споменува активностите за реставрација на местата за богослужба од страна на ТИКА, кои се меѓу клучните елементи на историското и културното наследство во Косово - каде што деведесет проценти од населението се муслимани - со неосновани обвинувања дека "религиозниот радикализам се шири преку овие места за богослужба".
"Тајмингот на статијата - кој беше напишан само еден ден откако Србија и Турција го одржаа Бизнис форумот, на 28-ми декември 2015 година, како една од клучните стратешки иницијативи на Турција на Балканот - предизвика сомневање дека може да има некои други мотиви за овие негови обвинувања.
- "Присуството на Турција го отстранува екстремизмот"
Експерти и академици, кои имаат познавање и го следат регионот се согласуваат дека активностите на Турција на Балканот имаат витално значење за спречување на радикалните тенденции за разлика од критиките.
Во рамките на ова, Џозеф Џ. Камински, американски доцент д-р на Меѓународниот Универзитетот во Сараево, во Босна и Херцеговина, вели дека овие видови контра-дискурси се зголемуваат паралелно со зајакнувањето на присуството на Турција во регионот.
"Бројот на косовски муслимани здружени во про-радикалните групи не е голем. Tоа што чувството за религија на косовските муслимани се базира на ханефискиот месхеб заедно со фактот дека верските тенденции кои го поттикнуваат екстремизмот се балансирани со џамиите реконструирани од страна на Турција, како земја со ханефиски месхеб", рече Камински.
Потeнцирајќи дека неговите заклучоци и импресии од теренот, исто така, ги потврдија неговите мислења, Камински рече: "Турција има богато културно наследство на целиот Балкан. Бев во Призрен минатото лето. Луѓето кои ги запознав таму изјавија дека ги ценат напорите на Турција. Турскиот јазик нашироко се користи од страна на луѓето во Призрен а архитектонскиот стил на градот и кафулињата беа во отомански стил. Многу е значајно што претседателот Ердоган изведе еден од своите говори, во овој град со силно изразен отомански стил, во септември 2013 година."
- "Турција: Штит против верскиот екстремизам на Балканот" -
Д-р Метин Изети, професор на Тетовскиот државен универзитет во Македонија, вели дека паралелно со зголемувањето на делотворната позиција на Турција во регионот, верските и културните активности на невладините организации станаа повидливи, што стана иритирачки за некои луѓе кои отидоа дотаму да "подбуцнуваат" одредени активности меѓу луѓето кои живеат таму.
"Како резултат на таа иритираност, тие се обидоа да ја етикетираат турската надворешна политика како "неоотоманска", рече Изети, додавајќи: "Јас навистина не можам да разберам каква штета или опасност можат да придидонесат турските активности во Албанија, Косово, Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Црна Гора во регионот. Очигледно е дека тие сеат раздор меѓу балканските народи кои се благодарни за напорите на Турција за одржување на културното наследство."
"За разлика од изјавите на некои луѓе, Турција никогаш не вршела присилни верски активности во регионот. Напротив, Турција отсекогаш ја изразувала својата поддршка против насилните групи кои предизвикуваат лоша слика за исламската идеологија и се обидувала да го спречи ширењето на нивниот eкстремизам меѓу широките маси."
"Присуството на Турција во регионот", продолжува Изети, "дефинитивно ќе биде најважниот фактор за спречување на овој екстремизам. Турција е штит против верскиот екстремизам на Балканот".
news_share_descriptionsubscription_contact


