АНКАРА (АА) - Турскиот министер за ЕУ и главниот преговарач Омер Челик, како гостин на уредничкиот деск на АА одговараше на поставените прашања од новинарите во врска со актуелните случувања изјави дека не може да ѝ се кажува на Турција со која терористичка организација да војува, а со која не, јавува Anadolu Agency (AA).
„Никој не може да ѝ каже на Турција со која терористичка организација да војува или да не војува. За нив ДАЕШ може да претставува ризик, а ПЈД не. А за нас и ДАЕШ и ПЈД се ризични организации“.
Тој беше прашан во врска со постигнатиот договор за бегалците меѓу Турција и ЕУ и во тој контекст, дали е можно Турција во септември да го суспендира договорот и дали има предлози за да се надминат разликите. На поставените прашања тој одговори дека Турција е посветена на реализирањето на постигнатиот договор од 18 март оваа година.
„Во врска со напредувањето на процесот за визната либерализација, ние стоиме на ставот дека либерализацијата на визниот режим, доброволното населување, договорот за реадмисија и паричната помош што ќе ѝ биде дадена на Турција треба заедно да бидат ставени, во еден пакет. Тие велат: вие направете ги овие работи, потоа ќе се случи либерализацијата на визите. Не, ова не е можно. Урнат е ѕидот на довербата, затоа што од дадените изјави досега се гледа дека тие прават сѐ што можат за да го урнат овој ѕид на доверба. Тие не го одржаа зборот. Најважниот доказ за ова е изјавата на Јоханес Хан, кој вели дека ‘Турција има потреба од пари, не може да се откаже од овој договор’. Ако вие ја уценувате Турција, ние нема да го прифатиме тоа, изјави Челик.
- „Турција не е камп за бегалци“ -
Реагирајќи на изјавата на Австрија за еднострано укинување на договорот и заштита на границите од страна на НАТО, Челик рече: „Луѓето што бегаат од смрт, не можете да ги запрете со војниците на НАТО“.
Министерот Челик зборуваше и во врска со последните случувања во Алепо и во тој контекст истакна дека „ако во Алепо продолжат борбите, бегалската криза ќе земе уште поголеми размери. Ќе речеме дека ќе ја преземат контролата врз балканската линија. ДАЕШ има намера да направи немири и во Северна Африка. Кога ќе се случи ова и кога ќе дојде до иселенички бран кон Италија, како ќе се справите со тоа? Со која воена организација и со кој менталитет ќе ги спречите илјадниците или десетиците илјади бегалци кога тие ќе се насочат кон Средноземното Море?
Изјавувајќи дека ова не е хумано решение, министерот Челик продолжи:
„Ова значи воскреснување на расизмот и на ксенофобијата во нашата ера. Ова треба да го решиме со легитимни, политички, цивилни и дипломатски механизми. Никој не треба да заборави. Турција не е камп за бегалци. Турција како суверена држава ја исполнува својата должност кон човештвото. Турција е домаќин на луѓето што бегаат од смртта. Но ако вие ја гледате Турција како камп за белгаци и велите: ‘На Турција ќе ѝ дадеме толку пари, па нека ги држи бегалците’, тогаш ние немаме потреба од тие пари. Исто така немаме намера да направиме никаков договор“.
- „За нас, ПЈД е ризична организација исто како и ДАЕШ“ -
Во одговорот на прашањето: „Дали е доволна поддршката на земјите на ЕУ за Турција во борбата против ДАЕШ и операцијата „Штитот на Еуфрат", министерот Челик рече дека земјите на ЕУ силно ја поддржуваат Турција во борбата против ДАЕШ, но не и во борбата против терористичката организација ПЈД.
„Сакам јасно да нагласам дека никој нема право да ѝ каже на Турција со која терористичка организација треба да војува. За нив ДАЕШ може да биде ризичен, а ПЈД не. Но за нас ПЈД е ризична колку и ДАЕШ“, истакна Челик.
- Забраната за буркини во Франција -
Истакнувајќи дека одблиску ги следи последните случувања и дебати во врска со буркините во Франција, министерот Челик рече дека ова се нови интерпретации во односите меѓу религијата и секуларноста, модернизацијата и исламофомијата.
„Во оваа ера никој не треба преку полиција, со сила да интервенира на стилот на облекување на жените. Застрашувачки е ова да се случува во земја на еднаквост и слободи како што е Франција“, додаде Челик.
Челик истакна дека овој закон ја покажува исламофобијата и рече дека ова го дефинира како либерална исламофобија и маргинализирање на нештата што не се во склоп со модерната култура на „либералната исламофобија“.
- „Нема никакви проблеми во секојдневниот живот на турскиот народ поради вонредната состојба“ -
На прашањето какви резултати се очекуваат од состанокот за дијалог на 9 септември, Челик рече дека состанокот што ќе се одржи во Анкара треба да ја покаже солидарноста со Турција.
Истакнувајќи дека на состанокот ќе присуствува и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Челик рече дека состанувањето во Анкара е многу значајно од аспект на објаснување на турските тези и аргументи.
„Доаѓајќи во Турција, многу е важно да видат дека во нормала се враќа секојдневниот живот во Турција“, рече Челик, додавајќи дека обидот за државен удар беше неутрализиран само за 12 часа и дека за 16-18 часа општествениот живот се врати во нормала.
Тој потсети дека во Франција се затворија границите кога беше прогласена вонредна состоба, додека во Турција, и покрај прогласувањето на вонредна состојба, нема никаков проблем во секојдневниот живот на луѓето.
„Сакам јасно да ја нагласам пораката што ја испрати турскиот народ, а која гласи: Имам сила да ја заштитам демократијата. Оние што сакаат да нѐ научат на демократија, нека дојдат да видат како таа се заштитува тука. Затоа сметам дека е многу важно да дојдат во Анкара и да го видат секојдневниот живот на овој народ што ја направи оваа голема револуција“, истакна Челик.
- „Ставот на Турција е јасен и отворен“ -
Во врска со процесот на преговри за Кипар и можните влијанија врз односите меѓу Турција и ЕУ, Челик потсети дека процесот за референдумот во Бургенсток доби интензитет благодарение на напорите на претседателот Реџеп Таип Ердоган и дека Црквата на Јужен Кипар водеше негативна кампања во врска со референдумскиот процес.
Челик објасни дека грчкиот Јужен Кипар не го чита добро процесот и реагирал на многу емотивен начин.
Тој исто така рече дека од самиот почетокот, ставот на Турција е јасен и отворен: „Турција е на страната да се најде заедничко решение што ќе биде основа на бинационалност, на две суверени сили, врз основа на две еднакви политички волји и еднаквост“, додаде Челик.
news_share_descriptionsubscription_contact
