Kerem Kocalar
01 Септември 2016•Ажурирај: 02 Септември 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - Во рамките на операциите против ДАЕШ, во Газиантеп биле приведени 2 осомничени лица, познати како „хемичарот и бомбашот“ додека се подготвувале за акција, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Во соопштението од канцеларијата на гувернерот се вели дека била следена Гамзе Демир, сестра на, наводно, одговорниот за активности во Турција, Јунуз Дурмаз, кого безбедносните сили ноќта на 19 мај мртов го беа предале на полицијата во Газиантеп. Таа била следена заедно со Абдулмубталиб Демир, кому му верувала и со кого делувала во организацијата.
По извршените истражувања, утврдено е местото каде што живее Талха Ѓунеш, познат како „хемичарот и бомбашот“ на организацијата. Екипите за борба против тероризмот и специјалните едници од Дирекцијата за градска безбедност спроведоа операција во кварталот Инџилкаја во центарот на округот Шехиткамил.
Талха Ѓунеш, кој подготвувал големи акции низ Турција, и во Газиантеп, бил фатен заедно со Абдулмубталип Демир и неговата сопруга Гамзе Демир. Осомничените се уапсени со одлука на судот пред кој биле изведени.
Во домовите на осомничените се пронајдени 20 килограми екплозив ТНТ, самоубиствен елек, 3 рачни бомби и 1 пиштол.
Во меѓувреме, утврдено е дека лицата се наоѓаат на листата на осомничени од страна на Министерството за внатрешни работи. Била распишана награда во вредност од 600 илјади турски лири за Абдулмубталиб Демир, и 300 илјади турски лири за Талха Ѓунеш.