Alperen Yurtoğlu
02 Септември 2016•Ажурирај: 03 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Долгогодишниот вработен во образовните установи под контрола на терористичката организација ФЕТО, со иницијали А.О., во изјавата дадена во обвинителството во Истанбул изјави дека лично Фетула Ѓулен ја дал наредбата за државниот удар, кој членовите на ФЕТО се обидоа да го извршат на 15 јули во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Долгогодишниот наставник во училиштата на терористичката организација ФЕТО, А.О., се обрати до истанбулското обвинителство велејќи дека низа години работел во образовните установи на ФЕТО надвор од Турција, и дека во обвинителството сака да даде изјава во врска со сите познати случувања пред и по обидот за државен удар во Турција.
Тој изјави дека уште како средношколец престојувал во дом што е во сопственост на организацијата под водство на Ѓулен – кој престојува во САД, а чие испорачување е официјално побарано од Турција. Како студент престојувал во нивниот студентски дом. Потоа, како што рече тој, по завршувањето на судиите, вработен е во едно од училиштата на ФЕТО.
А.О. вели дека од 16 јули конечно го видел „вистинското лице на џематите (организации под водство на Ѓулен)“. Тој изјави дека отишол во турскиот конзулат на Брегот на Слоновата Коска, каде што работел, и таму рекол дека е подготвен за секаква помош во истрагата.
Потоа со семејството се вратил во Турција, а во обвинителството открил дека член на ФЕТО, Аднан Хосоглу, инаку задолжен за подрачјето Сенегал, а кој бил во директна врска со Ѓулен, на собраните на редовните состаноци им рекол дека војската ќе ги спаси, на тој начин навестувајќи им го пучот.
„Како човек кој со години во Африка работеше во рамките на организацијата, можам да кажам дека Фетула Ѓулен лично го нареди ударот и лично раководеше со него. Со години своите луѓе ги поставуваше во вооружените сили, а потоа на 15-ти јули започна во обид да изврши државен удар. Од 17 до 25 декември минатата година се обиде да го стори тоа преку членовите на ФЕТО во правосудството, но кога тоа не успеа, тогаш ги активираше зелените, како што тој ги нарекуваше, членовите на организацијата инфилтрирани во редовите на војската. Од нивниот последен говор што го слушнав, Ѓулен на симболичен начин, облекувајќи зелена облека ги активираше своите поддржувачи во редовите на војската“, изјави А.О.
Тој изјави дека повеќе од 15 години поминал во рамките на таа организација, и потсети на барањата на старешините во организацијата за интензивирање на комуникацијата меѓу членовите на ФЕТО преку мобилни телеофони, како и за сѐ поинтензивни молитви за успех на организацијата.
А.О. по изјавата во обвинителството, не е задржан во притвор.