Sertaç Bulur,Ertuğrul Subaşı
28 Април 2016•Ажурирај: 29 Април 2016
АНКАРА (АА) - Полицијата во главниот град на Турција рано изутра влезе во зградите на неколку училишта и други организации, за кои постои сомнеж дека се поврзани со терористичката организација „ФЕТО", односно со движењето „Хизмет" , на чело со Фетулах Ѓулен, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата во Анкара влезе во зградите на Синдикатот за вработување во образованието, издавачка куќа како и една невладина организација, јавува дописникот на АА.
Беше извршен претрес од страна на екипите од полицискиот оддел за борба против тероризмот и одделот за финансиски криминал, а за време на претресот беше запленета одредена количина на документи.
Се дознава дека се работи за организации, по пат на кои терористичката организација „ФЕТО/ПДЈ" настојуваше да го наруши интересот на државата и да врши незаконски активности.
Инаку, Обвинителството во Истанбул во март минатата година побара лишување од слобода на Фетулах Ѓулен, лидерот на движењето кое Обвинителството го обвинува за повеќе незаконски активности. Турските власти на 2-ри февруари од САД побараа укинување на зелениот картон за Фетулах Ѓулен. На него на 28-ми јануари 2015 година врз основа на „давање на лажен исказ" му е поништен турскиот пасош.
Турција и претходно издаде потерница за Ѓулен, обвинет за водење на криминалната организација и обид на државен удар со цел рушење на владата на чело со Реџеп Таип Ердоган, тогашниот премиер, а сегашен претседател на државата.