Nuray Tunçay
09 Април 2016•Ажурирај: 10 Април 2016
ЗОНГУЛДАК (АА) - Со одлуката на обвинителството во турскиот град Зонгулдак поставени се принудни управувачи во 11 компании, кои се поврзани со случајот на "паралелните структури", односно за терористичка организација ФЕТО или движење познато како Хизмет, предводена од Фетулах Ѓулен, јавува Anadolu Agency (AA).
Како дел од истрагата на обвинителството во Зонгулдак, принудни управувачи беа поставени на 11 компании, а меѓу нив има и колеџи како и компании од автомобилскиот сектор.
Станува збор за компаниите кои и обезбедија финансиска поддршка на терористичка организација ФЕТО односно на движењето Хизмет, на чело со Фетулах Ѓулен.
Полицијата презеде мерки за безбедност пред горенаведените компании. На претставниците на досегашната администрација им е покажана одлуката на обвинителството во Зонгулдак, со што им е забранет влез во заградите.