Sibel Uğurlu
07 Април 2016•Ажурирај: 09 Април 2016
ШАНЛИУРФА (АА) – Завршена е скоро една - третина од турскиот бетонски ѕид отпорен на ракети кој се гради на границата со Сирија, изјавија денес турските безбедносни извори за Anadolu Agency (АА).
Од 911 километри планираниот бетонски ѕид, отпорен на ракети, изградени се 300 километри, изјавија турските безбедносни извори.
Турското министерство за внатрешни работи, за изградба на ѕидот, на гувернерите на граничните области на Сирнак, Мардин, Санлиурфа, Килис, Газиантеп и Хатај им даде скоро 250 милиони турски лири, јавуваат извори.
До сега, ѕидот помеѓу Хатај и Шанлиурфа е скоро завршен.
Sидот, кој следната година се очекува да биде завршен, ќе биде широк 2 метри а висок 3 метри со седум тон модуларни бетонски блокови.
Според истите извори, вдолж границата ќе биде исто така поставена и бодликава жичана ограда.
Меѓу останатите безбедносни мерки планирани вдолж турско-сириската граница се канали долги 365 километри кои ќе минуваат низ турските провинции Газиантеп, Килис, Мардин, Шанлиурфа и Хатај.
Во мерките е вклучено и осветлување на границата во должина од 389 километри, жичани огради во должина од 161 километри и обновување на жицата во должина од 145 километри.
Планирани се исто така и патролни точки на секои 50 метри а планирано е и зајакнување на контролните пунктови долж границата.
Безбедносните сили ќе патролираат долж границата 24 часа а на одредени стратешки точки ќе бидат инсталирани и безбедносни камери со можност за ноќно гледање.