AA
07 Април 2016•Ажурирај: 08 Април 2016
АНКАРА(АА) – Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, и претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ, по денешниот состанок во Анкара истакнаа дека помирувањето во регионот може да се гради исклучиво со взаемно почитување, историски факти и вистини, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседавачот со Советот на министри на БиХ, Звиздиќ, денес во седиштето на Турската влада во палатата Цанкаја го прими турскиот премиер Давутоглу, а за време на заедничката конференција за новинари, лидерите на владата на барање на новинарите ги коментираа последните пресуди на Хашкиот трибунал, осудувајќи го поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ и ослободувањето на лидерот на Српската радикална странка, Воислав Шешељ.
Потсетувајќи дека по завршувањето на војната во 1996 година, како академик ја посетил БиХ и ја видел болката и разочарувањето кое војната го оставила на секој чекор.
Давутоглу рече дека никој не смее да ја негира болката низ која БиХ помина, ниту пак да се штитат оние кои на било кој начин учествувале во страшните воени злосторства.
Давутоглу рече дека многу е важно воените злосторства да се казнуваат, без оглед на тоа што помина толку време, и додаде дека последните пресуди секако не можат да го задоволат народот кој беше жртва на тие злосторства.
„Човечката совест е најголема казна за тие варвари. Најмонструозните злосторства на 20-от век се изведени во БиХ, а за тоа сведочат и комеморациите кои се одржуваат секоја година во Сребреница. Никој не може тоа да го негира, ниту пак некој може со било што да ја намали тежината на злосторствата и да се ослободи од одговорноста за најголемите злосторства против човештвото. Ние во тој поглед секогаш јасно и гласно ги осудувавме тие злосторства, не само како пријатели на БиХ и некој што ја сака таа земја, туку најпрвин како луѓе”, изјави Давутоглу.
Шефот на турската влада Давутоглу, рече дека разговарал со Звиздиќ за ситуацијата на Балканот и важноста за понатамошното зајакнување на меѓусебната соработка за изградба на стабилностa во регионот.
Во официјална посета на Република Турција денес престојуваше делегација на БиХ предводена од претседавачот на Советот на Министри на БиХ, Денис Звиздиќ. Со него допатуваа и министерот за надворешна трговија и економски односи Мирко Шаровиќ, министерката за одбрана Марина Пендеш и министерот за граѓански прашања, Адил Османовиќ.
0 0 1 304 1734 Anadolu Ajansi 14 4 2034 14.0 Normal 0 false false false EN-US JA X-NONE /* Style Definitions */ table.MsoNormalTable {mso-style-name:"Table Normal"; mso-tstyle-rowband-size:0; mso-tstyle-colband-size:0; mso-style-noshow:yes; mso-style-priority:99; mso-style-parent:""; mso-padding-alt:0cm 5.4pt 0cm 5.4pt; mso-para-margin:0cm; mso-para-margin-bottom:.0001pt; mso-pagination:widow-orphan; font-size:12.0pt; font-family:Cambria; mso-ascii-font-family:Cambria; mso-ascii-theme-font:minor-latin; mso-hansi-font-family:Cambria; mso-hansi-theme-font:minor-latin;}