Niğmet Koşarhan
02 Мај 2016•Ажурирај: 03 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Турските воени сили ја ракетираа областа околу Тугхали, која е под контрола на ДАЕШ, при што се неутрализирани околу 34 припадници на ДАЕШ, додека четири вооружени беспилотни летала (ИХА), кои полетале од аеродромот во Инџирлик неутрализирале уште 29 терористи, припадници на ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од безбедносни извори, се дознава дека вчера е ракетирана областа околу Тугхали во Сирија, наспроти граничното место Онџу, кое е под контрола на терористичката организација ДАЕШ.
Во нападот неутрализирани се 25 припадници на терористичката организација ДАЕШ и уништени се 6 возила. Со вчерашните 9 онеспособени терористи, бројот на убиени припадници на ДАЕШ се зголеми на 34 терористи.
По неколкуте ракети кои паднаа вчера во турскиот пограничен град Килис, благодарение на информациите добиени од разузнавачките служби и добиените информации од операциониот центар на Коалицијата, беше извршен втор напад на северот од Сирија.
- Вооружено беспилотно летало ИХА ракетираше локации на ДАЕШ -
По одредените координати за пет гнезда на ДАЕШ, на северозападот од Сирија, во областа на Јан Јабан и Татимус, од Инџирлик полетаа четири вооружени беспилотни летала ИХА кои ги ракетираа позициите на ДАЕШ, при што неутрализираа 29 терористи, а уништени се пет вооружени гнезда и возила на ДАЕШ.