İlkay Guder
05 Октомври 2017•Ажурирај: 05 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, ќе престојува во посета на Република Турција, јавува Anadolu Аgency (AA).
Од службата за односи со медиумите од кабинетот на претседателот на Турција се наведува дека Мадуро ќе престојува во посета на Турција на 5 и 6 октомври, денес и утре, и ќе се состане со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Се наведува дека Мадуро ќе се состане со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а тема на разговорите ќе бидат билатералните односи, како и другите регионални и глобални прашања.
Исто така, ќе се одржи и втор состанок на Комисијата за партнерска соработка меѓу двете земји, со кој ќе претседаваат министрите за надворешни работи.