Ekip
05 Октомври 2017•Ажурирај: 05 Октомври 2017
САУТВЕСТ (AA) - Вчера, непознати напаѓачи извршија напад од заседа во југозападниот дел на Нигер, и убија петмина нигерски војници и тројца американски командоси кои патролирале заедно, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Американската команда за Африка ги потврди наводите дека американската и нигерската патрола биле цел на оружен напад.
Намата Абубаџар, официјално лице за регионот Тилабери во Нигер, за локалната телевизија изјави дека меѓу загинатите се и петмина нигерски војници.
Американските сили во Нигер им помагаат на вооружените сили на таа земја во разузнавачките и извидничките операции за да се спротивстават на екстремистичите организации во регионот.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Африканските безбедносни сили со поддршка на западните трупи ги зајакнуваат напорите за спротивставување на екстремистичките групи кои се дел од растечките немири во сиромашниот и слабо населен регион Сахел.