Alaattin Doğru
26 Јуни 2019•Ажурирај: 30 Јуни 2019
ДАКАР (АА) - Меѓународната организација за миграција (IOM) соопшти дека од 2016 година досега, спасени биле над 20.000 мигранти кои се изгубиле во пустината Сахара во Нигер, со цел преку Либија да стигнат до Европа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на ИОМ, на 15 јуни биле спасени 406 лица кои се изгубиле во пустината во Нигер, додека се обидувале преку Либија да преминат во Европа.
Се вели дека поголемиот дел од спасените лица, кои биле со потекло од 14 африкански земји, како Гвинеја, Мали и Брегот на Слоновата Коска, биле пренесени во прифатните центри за мигранти и добиле храна и медицинска помош.
Во соопштението се нагласува дека од април 2016 година спасени биле 20.000 мигранти кои биле изгубени во пустината во Нигер.
Секоја година илјадници лица кои сакаат преку Либија и Алжир да преминат во Европа, се обидуваат да ја преминат пустината Сахара.
Се претпоставува дека илјадници лица умираат во обид да ја преминат оваа пустина.