Alaattin Doğru
02 Јули 2019•Ажурирај: 03 Јули 2019
ДАКАР
На границата меѓу Нигер и Мали извршен е напад врз седиштето на нигерската војска. Во нападот животот го загубија 18 војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението што го објави војската, вчера напладне терористите го нападнале седиштето на војската сместено во близина на границата со Мали.
Терористите го активирале експлозивот поставен во две возила во близина на седиштето на војската и отвориле оган врз војниците. Во нападот животот го загубиле 18 војници, а четворица се исчезнати.
Истовремено, при нападот се украдени повеќе од 10 воени возила.
Во мај, во подрачјето на градот Тонго-Тонго, сместен во подрачјето Тилабери, недалеку од границата со Мали, извршен е терористички напад врз 52 војници кои вршеле патрола. Во овој напад животот го загубија 29 војници.
Војската на Нигер, во западниот дел на земјата се бори против терористички организации кои се поврзани со ДЕАШ и Ал Каеда.
Од друга страна, под изговор за борба против тероризмот, во регионот се наоѓаат 4.000 војници на Франција.