Vesna Besiç
19 Мај 2018•Ажурирај: 21 Мај 2018
ВИЛАВИЕХА - (AA) - Татакоа, камената пустина со црвена и сива боја, која се наоѓа во колумбискиот Хуилау, на околу 38 километри од градов Неив, секоја година привлекува голем број домашни и странски туристи, јавува Anadolu Agency (AA).
Опфаќа површина од 300 километри квадратни, претежно во општината Вилавиеја. Татакоа, помеѓу останатите, е дом на неколку ендемски видови пајаци, змии, шкорпии, орли.
За разлика од повеќето пустини на светот, не е прекриена со песок, туку со кањони кои создаваат црвен и сив природен лавиринт, а кои на некои места ги прекриваат зелени грмушки.
Многумина сметаат дека Татакоа не е пустина, туку древна тропска шума која пред неколку милиони години била преполна со вегетација и животни.
Во Татакоа се наоѓа и еден од најважните опсерваториуми на целиот континент, кој во текот на годината го посетуваат илјадници туристи и научници.