Ali Semerci
19 Мај 2018•Ажурирај: 19 Мај 2018
ГАЗА (АА) - Утрово животот го загубија двајца Палестинци кои минатата недела беа ранети од израелските војници во Појасот Газа кој е под блокада, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение објавено од страна на палестинското Министерство за здравство, се вели: „Утрово животот го загубија еден 58-годишен и еден 20-годишен Палестинец кои беа ранети од израелски куршуми.“
Со смртта на овие двајца Палестинци, бројката на усмртени на протестите во Појасот Газа, од понеделникот наваму се искачи на 64.
Израелските војници во понеделникот, на 14 мај, протестираа по должината на границата на Појасот Газа со Израел поради префрањето на Американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим (Кудс) и во знак на одбележување на 70-годишнината од денот „Накба“ („Голема катастрофа“), кога започна егзодусот на Палестинците и нивниот прогон од сопствената земја од страна на Израел. Во тие настани животот го загубија 62 Палестинци, а повеќе од 3.000 беа ранети.