Ekip
19 Мај 2018•Ажурирај: 21 Мај 2018
ХАВАИ (AA) - Хавајски претставници ги предупредија жителите дека лавата брзо се приближува до подрачјето во близина на куќите, кои претходно беа уништени во ерупцијата на вулканот Килауеа, јавува Anadolu Agency (AA).
Цивилната заштита на Округот Хаваи во петокот соопшти дека полицијата, пожарникарите и војниците на Националната гарда го обезбедуваат подрачјето на Големиот Остров и спречуваат влез на луѓе.
Лавата која се движи брзо го премина патот и ја изолира областа источно од населбите Леилани Естејтс и Ланипуна Гарденс, во кои претходно беа уништени околу 40 објекти. Поради тоа беа евакуирани четири лица.
Власта користеше хеликоптери за да процени колку луѓе останале во новата загрозена област. Окружните власти ги предупредија жителите да бидат подготвени за евакуација. Од нив беше побарано да останат смирени и да чекаат понатамошни инструкции.