Adem Şalvarcıoğlu
06 Ноември 2016•Ажурирај: 07 Ноември 2016
ЏАКАРТА (АА) - Повторно се активираше Вулканот Синабунг кој се наоѓа во провинцијата Северна Суматра во Индонезија, јавува Anadolu Agency (AA).
Националната агенција за елементарни непогоди соопшти дека се случи експлозија на вулканот Синабунг.
Како последица на исфрлување на пепел од вулканот облакот од пепел и чад се издигна 1 и пол километри.
Во меѓувреме се соопштува дека се преземени безбедносни мерки во областа Каро кој се наоѓа 3 километри од вулакот и дека луѓето се евакуирани од опасните зони.
Надлежните соопштија дека предупредиле од опасноста на исфрлање на лава на вулканот во околината на вулканот. Вулканот Синабунг се активираше по 400 години во 2010 година.
Минатата годнина од експлозиите на вулканот животот го загубија 17 лица.
Во Индонезија која се наоѓа во „огнениот обрач на Пацификот“ се наоѓаат 130 активни вулкани.