Ekip
06 Ноември 2016•Ажурирај: 07 Ноември 2016
БРАГА (AA) – Поради богатото културно-историско наследство и природните убавини кои го красат, северниот португалски град Брага неретко го нарекуваат и мал португалски Рим, а фотографиите од тој град се најдобар доказ на оправданоста на епитетот кој го врзуваат за него, јавува Anadolu Agency (AA).
Брага се наоѓа на северот на Португалија и важи за црквено средиште и едно од најубавите места во таа земја.
Во периодот на Римската империја Брага била позната под името Бракара Аугуста и била административен центар на провинцијата Галиција.
Денес во Брага живеат околу 175.000 жители кои се горди на културно-историското богатство и спомениците кои тој град го чинат своевиден музеј на отворено.
Aџиската црква Борн Хесус де Монте е секако една од најимпозантните споменици во Брага. Се наоѓа се на се километар од центарот на градот на ридот висок околу 400 метри а до неа водат прекрасни скали.
Станува збор за еден од најстарите португалски градови основани пред повеќе од 2.000 години, кои денес го красат бројни универзитети на кои студираат млади од сите делови на светот.
Административно е седиште на провинцијата Минхо.
Шеталиштето Руа до Соуто, градската капија Арко да Порта Нова, најстарата португалска катедрала од 11. век Се де Брага, епископија од 12. век Антиго Пако Епископал, парк Јардим де Санта Барбара со средновековн тврдина Палако до Раио се само некои од зданијата кои Брага ја ставаат на листата на барани туристички дестинации.