Bakir Tiro
01 Јули 2016•Ажурирај: 02 Јули 2016
ПАРИЗ (АА) - Кристијано Роналдо, капитенот на националниот фудбалски тим на Португалија, изјави дека со своите соиграчи е на добар пат на шампионатот во Франција да го освои пехарот наменет за Европскиот шампион, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во мојата кариера не постојат многу работи кои ми недостигаат. Кога денес би одлучил да ја завршам кариерата јас би се чувствувал привилегиран. Би сакал да го освојам трофејот и со репрезентацијата на Португалија. Ние сме на добар пат да го направиме тоа тука во Франција", изјави Кристијано Роналдо синоќа по победата на Португалија во четврт-финалето против Полска и пласман во полу-финалето ЕУРО 2016.
Репрезентацијата на Португалија во Марсеј ја елиминираше Полска. Во полу-финалето на Европското првенство Португалците ќе играат со победникот од четврт-финалниот натпревар кој ќе се одигра вечерва меѓу Велс и Белгија.