Dejan Maksimoviç
04 Јуни 2016•Ажурирај: 05 Јуни 2016
САРАЕВО (AA) – Од 10 јуни до10 јули во Франција ќе се одржи Европското фудбалско првенство на кое 24 репрезентации ќе се борат за насловот на шампионот на стариот континент. Јасно е дека така голем настан предизвикува светско внимание, поради што на дневен ред на медиумите дојдоа и селекторите на националните тимови и нивните примања, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според наводите на италијанските медиуми најплатен селектор на Еуро 2016 има Англија, Рој Ходгсон кој заработува пет милиони евра годишно. Следува инталијанскиот селектор Антонио Конте со годишна заработка од 4,1 милион евра, додека трет е Фатих Терим, селектор на Турција со 3,5 милиони евра.
Интересно дури тогаш на ред доаѓаат двајца тренери кои го водат актуелниот светски шампион Германија и актуелниот европски шампион Шпанија. Германецот Јоаким Лев заработува 3,2 милиони евра а Шпанецот Висенте дел Боске три милиони годишно. Селекторот на домаќинот на Еуро 2016 Дидиер Дешамп заработува нешто повеќе од два милиони евра годишно.
На дното на листата се наоѓа Ангел Иорданеску, кој ја води репрезентацијата на Романија, кој заработува само 120.000 евра годишно. Најголемата енигма е кога е во прашање заработката на селекторите врзана за Русинот Леонид Слутски, кој го наследи Фабио Капело. Тој нема фиксна плата, туку работи исклучиво за бонусите чија висина зависи од резултатите на репрезентацијата на Русија.