Özüm Yalkın
04 Јуни 2016•Ажурирај: 05 Јуни 2016
АНКАРА (AA) – Легендата на боксот и еден од спортистите кои го одбележаа 20 век, Мухамед Али, почина во 74 година од животот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Али боледуваше од Паркинсовата болест откако престана да се бави со бокс. Пред два дена е хоспитализиран поради респираторни проблеми.
Информацијата за смртта на Али ја потврди неговиот портпарол Боб Гунел, кој во изјава за NBC News рече дека Али почина во болница во Феникс, каде е хоспитализиран пред два дена
Али од самите почетоци на неговата кариера покажуваше извонреден талент за боксот. Уште од раните почетоци практикуваше нетипичен начин на борба, со спуштен гард и брзо движење по рингот. Таа тактика е опишувана како 'летам околу противникот како пеперутка, а бодам како оса'.
Во аматерскиот бокс кариерата ја заврши со освојување на златен медал на Олимписките игри во Рим 1960 година во лесно-тешка категорија. Првата борба за наслов првак во професионалиот бокс ја имаше веќе во 1962 година кога во контраверзниот меч го победи Сони Листон.
Боксерот во 61 натпревар забележа 56 победи. Американскиот боксер Касиус Марселус Клеј Џуниор 1964 година премина на ислам и го зеде името Мухамед Али.