Mustafa Keleş
11 Јуни 2016•Ажурирај: 12 Јуни 2016
ЛУСВИЛ (AA) – Мухамед Али се бореше за заедничко добро на целото човештво, порача поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД) Бил Клинтон, на комеморацијата во родниот град на боксерската легенда Лусвил, одржана откако вчера е погребан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Али почина на 3 јуни во болницата во Феникс, на комеморација во Лусвил покрај Клинтон прусуствуваше и режисерот Спик Ли, Дејвид Бекам, Мајк Тајсон, Керим Абдул Џабар, Арнолд Шварценегер, Били Кристал, Вил Смит, како и бројни други имиња.
На комеморацијата во во „KFC Yum Center", која започна со учење на делови од Куранот, присуствуваа околу 15 илјади луѓе. Во текот на комеморацијата молитви за Али упатија претставниците на верските заедници.
Поранешниот претседател на САД Бил Клинтон во обраќањето истакна дека Мухамед Али се бореше за заедничко добро на целото човештво.
Како личност која беше приврзана кон верата, Али знаеше дека не можеше во потполност да го контролира својот живот, истакна Клинтон и додаде:
„Сепак, знаеше дека има слобода на избор. Ние денес тука се собравме од љубов и почитување кон него, а тоа е резултат на неговиот избор".
Комичарот Били Кристал исто така ги сподели своите спомени и детали од пријателството со боксерската легенда.
„Јас за Али бев ‘мал брат’, а тој за мене ‘голем брат’. Секогаш сметаше дека меѓу луѓето наместо sидови, треба да се градат мостови", рече Кристал.
Сопругата на Али, Лони Али рече дека Мухамед сакаже неговиот живот и неговат смрт да бидат повод за извлекување на одредени поуки и како што порача, тој во тоа успеа. Според нејзините зборови, Али во екот на својот цел живот беше спремен да жрвува се од себе за да истрае на патот кој го сметаше за вистински.
На комеморацијата присуствуваа и ќерките на Али Мерјем и Рашид.
Али боледуваше од Паркинсонова болест откако престана да се занимава со боксот. Откако беше хоспитализиран поради респираторни проблеми почина на 3-ти јуни во 74та година во болница во Феникс.
За време на својата кариера во 61 меч забележа 56 победи, од тоа 37 нокаути. Американскиот боксер Касиус Марселус Клеј Јр. во 1964 година премина во исламот и го зеде името Мухамед Али.