Aybala Arpacı
09 Јуни 2016•Ажурирај: 10 Јуни 2016
ЊУЈОРК (АА) - На улицата во Менхетен, на која се наоѓа спортската арена во која легендарниот боксер Мухамед Али имаше еден од своите најважни мечеви во кариерата, беше истакната табла на улицата со негово име, јавува Anadolu Agency (AA).
Еден од светски најпознатите Американци, легендарниот шампион во бокс и активист во борбата против расизмот, Мухамед Али, продолжува да биде споменуван со почит во САД.
Посетителите во Музејот на Мадам Тисо во Њујорк, почнаа зачестено да ѝ приоѓаат на статуата на Мухамед Али.
Одговорните од музејот, по примањето на веста за смртта на боксерската легенда, ја поставија неговата восочна фигура на самиот влез од музејот.