Dejan Maksimoviç
10 Јуни 2016•Ажурирај: 11 Јуни 2016
САРАЕВО (АА) - Мухамед Али беше голем борец за човекови права кој својата слава ја користеше да се спротистави на бесмислените војни. Граѓаните на БиХ би требале да го паметат по безрезервната поддршка за време на војната од 1992 до 1995 година, истакнато е на комеморацијата на големиот спортист и хуманист која денес е одржана во Сараево во организација на Служба за образование, култура и спорт на Општината Нови Град во соработка со Боксерскиот клуб Нови Град, јавува Anadolu Agency (AA).
Воведничари на комеморацијата беа новинарот Вехид Ѓуниќ, авторот на книгата за Мухамед Али, потоа поранешниот спортски коментатор Кемал Балуковиќ и некогашниот боксер Алмедин Фетаховиќ, освојувач на првиот златен медал за БиХ на Медитеранските игри во Франција 1993 година.
„Ова е единствен настан не само во БиХ туку и во регионот. Убаво е тоа што општината и Боксерскиот клуб Нови Град се сетија да одржат ваков почит кон Мухамед Али, најголемиот боксер на сите времиња. Тој е човек кој покрај боксот и сите свои прекрасни резултати, со своите големи борби остави посебен впечаток во светот како човек борец кој се обидел да го смени светот. Неговата борба почна во Америка каде што се бореше против расизмот. Подоцна беше еден од најголемите борци против загрозување на луѓето во војната. Со ова треба да се додаде дека во Обединетите нации присуствуваше на прогласувањето на членството на БИХ во оваа огранизација. Со тоа, со своето присуство, даде голем придонес на нашата земја. Затоа БИХ по тоа треба да го памети”, изјави Балуковиќ, и додаде дека секоја негова борба за време на кариерата беше спектакл за себе.
Според мислењето на Балукович, најдобар негов меч беше во Манила против Џоу Фрајзер, кога беше поразен во 15-та рунда.
Фетаховиќ истакна дека Али бил инспирација не само на боксерите во БиХ, туку и во целиот свет.
„Сакаме да одадеме почит на најголемиот боксер на сите времиња и да кажеме по некој збор за извонредниот спортист, кој го обележа минатиот век и боксерскиот спорт. Со тоа ја обележа и верата во исламот во Америка каде има се и сешто, и на тој начин се заштити од сите пороци. Но на сите боксерски светови, без обзир на верата и нацијата, многу значеше. Во него видевме пример и личност која треба да се следи, и да се обидеме да ги оствариме достигнувањата приближни на неговите, па да бидеме на патот кој тој ни го покажа ”, изјави Ферхатовиќ.
За време на комеморацијата прикажани се и инсерти од некои од најпознатите и најважните борби за време на боксерската кариера на Али, а присутните ги поздрави Семир Ефендиќ, началникот на општината Нови Град.
Али боледуваше од Паркинсонова болест откако престана да се занимава со боксот. Откако беше хоспитализиран поради респираторни проблеми почина на 3-ти јуни во 74та година во болница во Феникс.
За време на својата кариера во 61 меч забележа 56 победи, од тоа 37 нокаути. Американскиот боксер Касиус Марселус Клеј Јр. во 1964 година премина во исламот и го зеде името Мухамед Али.