Çiğdem Pala
06 Јуни 2016•Ажурирај: 07 Јуни 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, се наоѓаат меѓу бројните високи функционери кои во петок, на 10-ти јуни, во градот Луисвил во САД ќе се простат од боксерската легенда, Мухамед Али, јавува Anadolu Agency (AA).
Денеска е потврдено дека претседателот на Турција, Ердоган, во среда ќе отпатува за САД, за да присуствува на погребот на Мухамед Али во Луисвил.
Како што соопшти семејството на Али, тој ќе биде погребан во согласност со муслиманската традиција,
Пред погребот, по булеварот кој го носи неговото име ќе помине свечената поворка со неговото тело, а на комеморацијата, проштален говор ќе одржи поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон. Покрај него, свое обраќање ќе имаат и комичарот Били Кристал и спортскиот новинар, Брајан Гамбл.
Кабинетот на претседателот на САД, Барак Обама, сѐ уште не го потврди неговото доаѓање.
Се очекува на погребот да присуствуваат 18.000 луѓе. Целата церемонија ќе биде пренесувана во живо преку видеолинкови.