Kasım İleri
17 Мај 2016•Ажурирај: 18 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Кандидатката за претседателка на Соединетите Американски Држави (САД) од редот на демократите Хилари, Клинтон, изјави вчера дека „не планира” нејзиниот сопруг, поранешниот американски претседател Бил Клинтон, да биде дел од нејзиниот кабинет во Белата куќа, пренесува Anadolu Agency (AA).
На прашањето на новинарите дали на својот сопруг планира да му даде некое од местата во нејзината администрација, по евентуалното место на претседателка, Клинтон кратко рече „Не”.
„Како што нагласив во една пригода во Луисвил, мојот сопруг би го ставила во сегментот оживување на економијата бидејќи тој знае како тоа да го направи, посебно кога станува збор за јагленот и градовите во внатрешноста”, нагласи Клинтон.
По повод сè поголемиот притисок на медиумите за споменатото прашање, се огласи и гласноговорникот на демократската кандидатка, Ник Мерил, потврдувајќи дека Клинтон „не решила за улогата на својот сопруг во нејзината администрација”.
Сепак, и Мерил нагласи дека Бил Клинтон „има многу да понуди и дека би било смешно да не се искористат неговите капацитети”.
Бил Клинтон беше на чело на САД од 1993 до 2001 година. Со негова заслуга дојде до поголем економски раст на американско тло во текот на 1990-те години.