Amina Zorniç
07 Мај 2016•Ажурирај: 08 Мај 2016
ВАШИНГТОН (AA) - „Ова не е риалити шоу. Ова е трка за должност на претседателот на САД, тоа е сериозна работа", рече претседателот на Соединетите Американски држави (САД) Барак Обама критикувајќи го контроверзниот републикански кандидат Доналд Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на конференција за медиумите во Белата куќа, Обама, спомнувајќи го Трамп, рекче дека "завземањето на Овалниот кабинет не е риалити шоу" .
Тој упати критики кон новинарите изјавувајќи дека треба "сериозно да ги сфатат изјавите на Трамп".
„ Потенцирање на циркусот и спектаклот, тоа не е нешто што можеме да си го дозволиме. Важно е да разбереме што е она што Трамп порано го говорел . Исто така, мора да знаете дека секој претседателски кандидат е под надзор за да американскиот наород знае кој е тој човек. Доколку кандидатите заземаат став за некои меѓународи прашања кои предизвикуваат војна или имаат потенцијал да ги нарушат нашите односи со другите земји, тоа би можело да го скрши нашиот финансиски систем. Гласачите нека донесат одлика даи тоа е кандидатот кој ги застапува нив и нивните ставови", рече Обама.
Актуелниот американски претседател претходно на новинарски прашања не даде никаков коментар за Трамп истакнувајќи дека "никој не ги чита твитовите на Трамп, бидејќи на никому тоа не му е интересно".