Hülya A. Gündüzalp
26 Јануари 2016•Ажурирај: 27 Јануари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Она што го прави Доналд Трамп, не е само нападно и срамно, во исто време е и опасно, изјави членката на Демократската партија и кандидат на претстојните претседателски избори во Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (АА).
Сандерс во својот говор го критикуваше системот на здравствено осигурување на САД, истакнувајќи дека Американците плаќаат најскапо здравствено осигурување меѓу развиените земји.
Тој рече дека, доколку биде избран за претседател, со зголемување на даноците ќе се обиде да ги намали трошоците за здравствено осигурување, кои во САД изнесуваат 12 илјади долари годишно.
Хилари Клинтон одговараше на прашања поврзани со надворешната политика и анти-исламските ставови на претедентот за кандидатура од Републиканската партија, Доналд Трамп.
"Започна со Мексиканците, сега им дојде ред на муслиманите. Она што тој го прави не е само нападно и срамно, во исто време е и опасно", рече Клинтон.
На прашањето во врска со воените операции во Ирак и Сирија, одговори дека е против тоа американските војници да се вклучат во копнени операции, но нагласи дека треба да продолжат воздушните напади.
Оваа изјава на Хилари Клинтон предизвика различни реакции на социјалните мрежи, и во еден коментар е напишано дека Хилари Клинтон „од една страна ги брани муслиманите, од друга страна да ги бомбардира”.