Selçuk Acar
06 Март 2016•Ажурирај: 08 Март 2016
ЊУЈОРК (АА) - Двајца американски уметници, Мари Михелиц и Дејвид Глисон на изложба во Њујорк го претставија својот проект кој го започнаа против претедентот за републикански кандидат на претседателските избори во САД, Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Тие купиле автобус за 14.000 долари кој го користел Трамп во предизборната кампања во сојузната американска држава Ајова, го бојадисале и на него напишале "T.RUMP" и "Т.RUTT".
Автобусот поминал 1.600.000 километри, а двојката е убедена дека нивниот проект ќе има важна улога во политичкиот процес во САД.
Уметниците на автобусот напишале своја верзија на слоганот на Трамп "Make America great again" (Да ја направиме Америка повторно голема), кој гласи "Make fruit punch great again" (Да го направиме овошниот пунч повторно голем).
Трамп претходно побара на муслиманите на одреден временски период, да им се забрани влез во САД, поради што уметниците на арапски јазик го напишале неговиот слоган „Да ја направиме Америка повторно голема”.
Поради неговите изјави за жените, уметничката двојка на автобусот напишала "#WomanTrumpTrump".
Како што велат, досега, против политиката наТрамп протестирале во 18 сојузни држави. Меѓутоа, проблем е, како што истакнуваат, што автобусот е стар и многу бавен.
Глисон рече дека посетуваат места на кои Трамп, а и другите кандидати, ги одржуваат своите говори и дека со тоа настојуваат да ја освестат јавноста, но додаваат дека им е потребна поддршка.
За АА рекоа дека јавноста на прв поглед имала впечаток дека го поддржуваат Трамп, а подоцна воочуват дека тоа не е така.
Ставајќи маски на лицата, парот со себе носи и голема четка за фотографирање, која ја користат како „оружје”. На тој начин сакаат да го искажат своето мислење за прашањето на слободно носење оружје.