Cüneyt Karadağ
06 Март 2016•Ажурирај: 07 Март 2016
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел ги соопшти своите очекувања од Самитот на Турција и Европската Унија (ЕУ), кој ќе се одржи на 7-ми март во Брисел, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што рече германската канцеларка Ангела Меркел за германскиот 'Bild am Sonntag', нејзините очекувања се да се разговара за тоа како да се заштитат надворешните граници на ЕУ и како ЕУ може да ѝ помогне на Грција, која се наоѓа во тешка ситуација, како и за актуелните состојби во кои се наоѓа заедничкиот акционен план на Турција и ЕУ.
Таа истакна дека Турција досега примила 2,5 милиони сириски бегалци и дека е во право што сака тој товар да го подели со Европа. Покрај тоа, како што рече канцеларката, Германија има прифатено скоро еден милион бегалци.
Меркел рече дека трите милијарди евра наменети за сириските бегалци во Турција ќе бидат искористени за образовните институции и за изнаоѓање можности за вработување.