Ali Demir
26 Јануари 2016•Ажурирај: 26 Јануари 2016
ХОМС (АА) - Како резултат на експлозија на автомобил-бомба во сирискиот град Хомс, во населба контролирана од страна на силите на режимот, бројот на жртвите се зголеми на 20, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од локални извори во Хомс, се дознава дека по експлозијата на автомобил-бомба во Хомс, бројот на жртвите се зголеми на 20.
Се наведува дека во нападот биле повредени 50 луѓе кои биле пренесени во болниците во градот, како и дека е причинета значителна материјална штета од нападот.
Населбата Зехра, која главно е населена од страна на поддржувачите на режимот, често е место на бомбашки напади.