Afra Aksoy
18 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
АНБАР (AA) - Најмалку двајца цивили загинаа, а пет лица се повредени во бомбашки напад изведен денес со активирање на автомобил-бомба во ирачкиот град Фалуџа, јавува Anadolu Agency (AA).
Ахмeд ад-Дилејми, официјален претставник на полицијата во провинцијата Анбар, за АА рече дека нападот се случил денеска во близина на бензинска пумпа во населбата Ал-Халаб, во западниот дел на Фалуџа.
Во силната експлозија загинале најмалку две лица, а повредени се пет лица. Дилејми рече дека настраданите се цивили и дека меѓу повредените има една жена во животна опасност.
Повредените се пренесени во болница во Фалуџа, а постојат стравувања дека билансот на загинати не е конечен.
Ирачките сили во текот на летото оваа година ја ослободија Фалуџа од терористите на ДЕАШ, а сега градот е место на чести самоубиствени терористички напади.