Ekipa
18 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
ПАРИЗ (АА) - Туристичката атракција и симболот на Париз, Ајфеловата кула, е отворена денеска, откако пет дена по ред беше затворена поради штрајкот на вработените што ја одржуваат кулата, а коишто бараат подобри услови за работа, јавува Anadolu Agency (AA).
Компанијата ЦЕТЕ (СЕТЕ), којашто управува со кулата, изјави дека е постигнат договор со синдикатите што ги застапуваат работниците, по што кулата повторно е отворена
„Голем број посетители на Париз ќе можат да ја посетат Ајфеловата кула во текот на празничната сезона, и ќе можат да уживаат во спектакуларниот поглед на Париз“, се вели во соопштението.
Синдикатите ЦГТ и ФО соопштија дека вработените сакаат да бидат вклучени во процесот на донесување одлуки за одржување на Ајфеловата кула, но и дека бараат повеќе средства за одржување, тврдејќи дека стравуваат од ризик по здравјето на работниците и нивната безбедност.